Противкандидатот на претседателот на Белорусија на изборите во август, Светлана Тихановскаја, вели дека сака средба со рускиот претседател Владимир Путин. Исто така, објаснува зошто.
Таа се состана со претставници на белоруската дијаспора во Берлин и на прашањето со кого би сакала да се сретне како политичар, таа одговори: „Со Владимир Путин, за да разберам зошто тој го поддржува Лукашенко“.
Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Централната изборна комисија објави дека Лукашенко победил на изборите, но опозицијата не ги прифати тие резултати и ја смета Тихановскаја за легитимен претседател на Белорусија. Оттогаш во Белорусија траат протести на опозицијата.
Тихановскаја е во Литванија, која, како и Брисел, не го признава Лукашенко за претседател.
Русија, сепак, смета дека Лукашенко е легитимен претседател на Белорусија.