Рускиот претседател Владимир Путин повика на итен прекин на огнот во регионот Нагорно Карабах за време на телефонскиот разговор со ерменскиот премиер Никола Пашинијан.
„Владимир Путин повторно инсистираше на неопходноста од итен прекин на борбените операции“, соопшти Кремљ.
Девет дена траат судирите меѓу азербејџанските и ерменските безбедносни сили во Нагорно Карабах.
Ерменија и Азербејџан се борат со децении околу Нагорно Карабах, област со мнозинско ерменско население, која беше припоена кон Азербејџан за време на советската ера.