327
Поп-sвездата Мајли Сајрус и го честиташе роденденот на својата колешка Кети Пери, објавувајќи стара фотографија на која се се бакнуваат сочно на сцената.
Фотографијата е направена уште во 2013 година, кога Кети Пери беше во публика на настапот на Мајли Сајрус. Потоа и пријде колешката и ја бакна во уста.
Мајли сега, сакајќи да и посака среќен роденден, објави фотографија од нив направена во тој момент.
„Среќен роденден Кети Пери“, напиша кратко Мајли.
Пери вчера наполни 36 години. Зад себе има пет студиски албуми и безброј награди.
Таа важи за една од најпродаваните музичари на сите времиња.