614
По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити.
-Со голема жалост и тага ја примивме жалната вест за смртта на нашиот верен навивач Горан Костадиновски Гокси. Работнички загуби голем човек кој низ годините поминати во Градски парк ги помести стандардите во навивањето и покажа како се сака и бодри и Работнички. За сите победи заеднички !!!!!, соопштија од кошаркарскиот клуб Работнички.
Костадиновски подолг период од својот живот беше дел и од „Сити Парк Бојс“, каде што долго време беше идеен креатор на паролите кои оваа група ги истакнуваше на средбите на Работнички во последната деценија од минатиот и првата деценија од овој век.