Каевски: Опозицијата нека не остави да ги завршиме процесите и да добиеме датум за преговори

од Берта Китинска
256 прегледи

„ ВМРО ДПМНЕ цело време сака проблеми и сака да ја искомплицира ситуацијата. Со таквото однесување се загрозува позицијата која ја имаме со Договорот со Бугарија. Првенствено, и Христијан Мицкоски на средба со Бојко Борисов изјави дека го почитува Договорот со Бугарија и дека ќе работи на негова имплементација. Значи тоа дека ВМРО ДПМНЕ имале спротивен став во делот на договорот не е точно. Единствено владејачкото мнозинство функционира во парламентот, опизицијата ниту доаѓа, ниту дебатира, ниту комуницира. Целото ова повикување на протестите инивнтие изјави говорат дека опозицијата ниту сака да го решиме проблемот, ниту како да одиме напред, туку само како да дојде до власт и тоа на штета на народот на штета на државата„ – изјави пратеникот Дарко Каевски во емисијата „Топ тема“ на телвизија Телма, зборувајќи за преоварачкиот процес на Северна Македонија со соседна Бугарија.

При тоа, тој го потенцираше идентитетот и јазикот, како црвена линија во преговорите.

„Опозицијата вели да зборуваме за македонскиот иднетитет и јазик и народ. Тоа е затворено. Зошто да дебатраме за нешто што е пропишано и гарантирано? Сите европски држави дадоа признание дека ние сме македонски народ со македонски јазик. Зошто да правиме накакви позиции кои ќе бидат на штета на овие прашања. Нашите црвени линии ги кажавме, нема преговори за идентитетот и јазикот. Опозицијата не блокира и ни ја отежнува целата постапка. Кога веќе не помагаат, барем нека не одмагаат. Нека не остават да ги завршиме процесите и да добиеме датум за преговори. ЕУ е нашиот единствен пат, и вистински пат. Преку ситно политиканство ВМРО ДПМНЕ ја отежнува целата работа.   11 години имаше ВМРО ДПМНЕ шанса да направи нешто, но не направи ништо, само чекори наназад, отселување на млади луѓе кои иднината си ја бараат надвор. Затоа, дајте ова да го решиме и да обезбедиме пристоен живот“, вели  Каевски.

Слични содржини