Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров во своето гостување на Сител, зборуваше уште еднаш за тоа дека нема дилема и нема разговор за идентитетот и јазикот, како и тоа дека Европската политика запишала пораз со овој потег.
„Блокадата го крши членот 2 од Договорот. Проблемот не е нов и трае со децении. Идејата беше историјата да се остави на историчарите, а ние политичарите да работиме за подобро утре на двете страни. Потребна е мудра политика на двете страни, тоа го тврдам“, вели Димитров и додаде:
„Ова е пораз на европската политика на Балканот. Ние ќе почнеме да губиме, ако влеземе во очај или чекање за да се сменат околностите. Целта е да си ја донесеме Европа дома.Па наместо како опозицијата да шириме страв, треба да ја применуваме европската реформа дома. Да си направиме мрежа на поддршка од нашите пријатели и да продолжиме да разговараме со секој, но никогаш никој нема да може да разговара за тоа кои сме, Македонци, односно каков јазик зборуваме, македонски“, посочи Димитров.