Пендаровски оствари средба со амбасадорите од Вишеградската група

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, оствари средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група, односно со полскиот амбасадор, Војциех Тицињски, чешкиот амбасадор, Мирослав Томан, совачкиот, Хенрик Маркуш, како и амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.

Од кабинетот на Пендаровски, изразија заодовлство што се оддржа оваа традиционална годишна средба, па оттаму Пендаровски ја изрази важноста на оваа континуирана и интензивна соработка помеѓу С.Македонија и земјите од Вишеградската група.

Пендаровски се заблагодари и на поддршката на земјите од Вишеградската група за евроинтегративните аспирации на Република С.Македонија.

„На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните случувања врзани со почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ. Претседателот Пендаровски оцени дека одложувањето на одржувањето на првата меѓувладина конференција може да го наруши кредибилитетот на процесот на проширување и ќе има негативно влијание на регионалниот развој и стабилноста на Западниот Балкан. Претседателот нагласи дека нема план Б за европската иднина на земјата, посочувајќи дека интензивно се работи на планот А, а тоа е членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски рече дека ќе продолжат напорите за надминување на проблемот и го реафирмираше ставот дека за идентитетот и јазикот, како основно човеково право на самоопределување, нема да се преговара“,беше посочено во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Меѓудругото, амбасадорите со Пендаровски разговарале и за актуелната пандемија предизвикана од Ковид 19.

Слични содржини