Земјотрес ја стресе централна Грција

од Stefanija Kuzmanovska
441 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го потресе централниот дел на Грција, објави атинскиот геодинамички институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри источно од градот Нафпактос, соопшти Институтот, пренесе Ројтерс.

Земјотресот се случил на длабочина од 12,7 километри.

Засега нема информации за можна штета, соопшти противпожарната служба.

Слични содржини