Научникот Тимоти Дејвид Спектор, професор по генетска епидемиологија на Кралскиот колеџ во Лондон, издаде предупредување откако британската влада објави воведување на драстични ограничувања за Бирмингем, каде епидемијата на коронавирус излезе од контрола.
„Бројот на случаи низ Велика Британија рапидно расте. Новиот вид на вирусот е доминантен, но сè уште немаме докази дека се однесува поинаку од ‘старата’ верзија на вирусот – вели овој експерт за birminghammail.co.uk, додавајќи дека овие промени можеби се случиле без мутација на вирусот.
„Без оглед на видот на вирусот што предизвикува ново зголемување на бројот на заразени, останува исто дека сме неподготвени и дека мора да ја ограничиме епидемијата“, рече Спектор, а потоа ги додаде симптомите на кои луѓето мора да обрнат внимание.
„Само тестирањето нема да ни помогне да го контролираме вирусот. Луѓето треба да ги знаат сите симптоми на кои треба да обрнат внимание, наместо да се фокусираат само на трите главни и официјални симптоми издадени од СЗО. Важно е за луѓето да знаат дека главоболки, замор, дијареја, болки во мускулите, губење на апетит и конфузија се исто така чести придружници на ковид 19. Ако забележите нешто од ова, ве молиме изолирајте се и тестирајте се“, рече овој експерт.