Со 60 гласови „За“ донесен законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол

од Nikola Popovski
452 прегледи

Пратенициите го изгласаа законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол, со 60 гласови, „за“ 30 против и ниту еден воздржан. Расправата по ова законско решение почна во петокот и траеше повеќе од 21 час за време на викендот.

– Најавуваме дека ќе поднесеме постапка за оценување на уставноста на овој закон, кој што за жал, луѓето од Владата немаа храброст да го потпишат затоа што знаеа дека ова законско решение е неуставно, па прво пробаа преку Државното правобранителство да го протнат и на крај го најдоа решението преку владејачкото мнозинство и овие 62 пратеници да го потпишат овој закон, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Договорот за купување на акцијата која ја поседуваше Макпетрол се скучи уште минатата година со медијаторство на Европската енергетска заедница. Со решавањето на овој спор кој трае од 2005 година државните институции ќе може да го забрзаат процесот на гасификација на земјава.

Слични содржини