Филипче: Нашата земја е меѓу првите три во светот со најголем пад на стапката на смртност кај новороденчиња

од Nikola Popovski
352 прегледи

„Во 2020 бележиме значителен пад на смртност кај новороденчиња лекувани на интензивна нега и терапија“, објави министерот Венко Филипче.

Во разговор со директорката на клиниката д-р Викторија Јовановска и началничката на одделението д-р Рената Димитриоска, министерот беше информиран дека во извештајот за 2020 се бележи значителен пад на смртност кај новороденчиња, лекувани на одделението за интензивна нега и терапија.

„Ова се должи на вложувањата кои ги направивме во опрема, едукација и проширување на стручните тимови на одделението. Нашата земја, исто така е рангирана меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на смртност кај новороденчиња. Продолжуваме и натаму со вистинска грижа за нашите најмали“, истакна министерот.

Слични содржини