380
Тренерот на Пезаро, Јасмин Репеша е познат по своите тенки нерви, што на кожата најдобро ги почувствува кошаркарот на овој клуб, Анри Дрел.
На натпреварот од италијанската лига против Трст, Репеша го крена естонскиот кошаркар од клупата, започна да му вика, а потоа го влечеше за коса, пред да го удри со сета сила со дланката по грбот.
Искусниот хрватски стручњак лесно губи нерви и нема проблем да се објасни вербално, а во овој случај физички, со своите кошаркари.