Заев: Ќе бидам личен пример и ќе ја примам вакцината

од Берта Китинска
137 прегледи

Ќе бидам личен пример и ќе ја примам вакцината против Ковид-19, откако ќе бидат запазени сите протоколарни активности и препораки, порача денеска премиерот Зоран Заев.

– Очекуваме регуларна и регулирана постапка на испораки – прва, втора, трета, четврта испорака затоа што ако стигнат само 5.800 тогаш тоа не стига ниту за сите здравствени работници кои што директно работат на Ковид кои се 7.700  вкупно, што ги наградивме по сите здравствени институции во државата. Вкупно имаме преку 24.000 здравствени работници во државата, а каде се хронично болните граѓани, пензионерите, граѓаните кои изгубиле член од семејството од Ковид, кои треба да бидат во приоритетните групи за вакцинација, потенцира Заев додавајќи дека очекува, овие денови да ја видиме и солидарноста на Европската Унија заради тоа што, тоа е еден од најизвесните начини уште во јануари да ја добиеме вакцината, нагласувајќи дека секој ден порано е добредојден.