Проектирањето за изградба на нов експресен пат од Струмица до Коридор 10 кај Смоквица е во завршна фазаистакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Валандово.
– Покажуваме на дело дека и овој регион за државата е важен. Во првиот квартал од оваа година завршуваме со проектирање на нов експресен пат од Струмица и поврзување со автопат на Коридор 10, со што ќе ја имаме финансиската конструкција и влегуваме во нова етапа на обезбедување на финансиски средства за да може побрзо да отпочнеме со изградба на овој приоритетен проект за регионот. Понатаму преку буџетот на Министерството за транспорт и врски одвоивме 4 милиони денари за изградба на нов пат во населеното место Чалакли – изјави Бочварски.
Министерот истакна дека преку Министерството за транспорт и врски преку проектот за локални патишта се работи за реконструкција на три улици во општина Валандово заради подобрување на локалниот развој на општината.