Три клучни причини поради кои НИКОГАШ не треба да држите диета!

од Stefanija Kuzmanovska
916 прегледи

Диетите се насекаде околу нас, во форма на правила кои забрануваат одредена храна (без вистински медицински и етички причини). Ако се чувствувате виновни поради вашата исхрана, веројатно размислусвате да започнете со некоја диета. Откријте ги трите причини поради кои никогаш не треба да држите диета, пренесе „Информер“.

1. Диетата не ви помага да ги одржите изгубените килограми на долг рок

Идејата дека луѓето не успеваат во диетите поради недостаток на сила на умот е мит кој го одржува диеталната индустрија. Кога сте на диета, храната е едноставно попримамлива. Со тоа, се појавува проблем: метаболизмот се забавува затоа што телото наоѓа начин да работи самостојно, со помалку калории, па затоа во организмот се складираат повеќе остатоци.

Затоа, не е изненадување што студиите покажуваат дека 95 проценти од луѓето „не успеваат“ во диетите. Дури и ако сте меѓу тие пет проценти од луѓето кои можат да одржат губење на тежината на долг рок, размислете од што се откажувате за да го постигнете тоа: што е добро во тоа да имате „идеално тело“ ако жртвувате одење на вечера, парче чоколадна торта и вашите интереси надвор од опсесивното броење калории?

2. Слабеењето не е клуч за поголема среќа

Диетите „не работат“ ако вашата цел е да ја одржувате телесната тежина по слабеењето на долг рок. Сепак, постои проблем со самата идеја за слабеење како цел, бидејќи врзувањето на среќата за нешто надворешно е рецепт за незадоволство. Луѓето сакаат да бидат слаби поради значењето што го придаваат на тоа, затоа што сакаат да се фокусираат на нешто опипливо за кое лажно веруваат дека можат да го контролираат.

Што ако се фокусирате на тоа да го сакате и прифатите вашето тело токму онакво како што е сега? Броењето калории, опседнувањето со маснотиите во телото и читањето книги за диети веројатно ви одзема многу време од поважни работи.

3. Слабеењето нема да ве направи поздрави

Можно е да се сметате себеси за дебела личност и да бидете здрави. Може да бидете слаби, но не и здрави. Тежината не е добар „уред“ за мерење на целокупното здравје. Повеќето здравствени индикатори можат да се подобрат со промена на вашето однесување во исхраната, без оглед на тежината. Секако, ограничувачките забрани во исхраната и слабеењето не се одговор на она што го бараме.

Слабеењето не е работата на вашиот живот, а броењето калории не е повик за вашата душа. Сигурно сте предодредени за нешто многу подобро, многу поголемо, отколку да изгубите 10 килограми или да пресметувате калории.

Слични содржини