Светско клупско првенство: Извлечени двојките, можен спектакл во финалето

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе мора да ги победат шампионите во Африка или Катар за да се пласираат во финалето на Светското клупско првенство, одлучено е денес со ждрепка во Цирих.

Победникот во Лигата на шампионите ќе го започне турнирот во полуфиналето, каде на 8 февруари ќе игра против победникот во четвртфиналето, во кое ќе се сретнат египетскиот тим Ал Ахли и домаќинот на турнирот, катарскиот Ал Духаил.

Претставникот на Јужна Америка ќе биде познат по финалето на Копа Либертадорес, кое е закажано за 30 јануари, а во кое ќе се сретнат Палмеирас и Сантос.

Шампионот во Копа Либертадорес во полуфиналето ќе игра со победникот во Лигата на шампионите КОНКАКАФ, мексиканскиот тим Тигрес или со освојувачот на азиската Лига на шампиони, тимот на Улсан од Јужна Кореја.

Светското клупско првенство ќе се одржи од 4 до 11 февруари во Катар, а на него ќе учествуваат шест наместо седум екипи, затоа што се откажа Нов Зеланд од Окланд Сити поради ограничувањата предизвикани од коронавирусот.

Европскиот првак го освои Светскиот клупски шампионат 12 пати во последните 13 изданија. Челси загуби од Коринтијанс во декември 2012 година.

Слични содржини