Во Загреб почина 11-годишно момче кое имало корона

од Stefanija Kuzmanovska

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Инфективната клиника „Д-р. Фран Михаљевиќ“ во Загреб. Момчето било заразено со коронавирус.

Засега не се знае точната причина за смртта.

Министерот Берош за „Индекс“ кратко изјави дека побарал отчетод Клиниката за детски болести и Клиниката за инфективни болести.

Според ХРТ, момчето починало од MIS-c, или мулти-инфламаторен пост-ковид синдром.

Истражувањата покажаа дека машките деца се малку повеќе склони кон синдромот, но процентот е скоро ист за двата пола.

Болеста е претставена со покачени воспалителни параметри во крвта, може да влијае на сите органи, срцето, бубрезите, гастроинтестиналниот тракт, да предизвика невролошки проблеми, како и симптоми на воспаление на дишните патишта.

Може да доведе и до откажување на сите органи. Честопати децата имаат осип со различен изглед. Досега се знае дека започнува нагло, со значително зголемена температура.

Слични содржини