230
Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Љупчо Николовски по повод празникот Свети Сава, упати честитка до сите припадници на српската заедница во Северна Македонија и до сите граѓани кои го слават денешниот празник.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам срдечни честитки за денешниот празник Свети Сава на сите вас кои го празнувате и ви пожелувам добро здравје и спокоен живот.
Нашиот заеднички дом, нашата заедничка татковина е непроценливото богатство на традиции, култури и различности каде припадниците на српската заедница даваат важен и континуиран придонес.
Овие вредности на меѓусебното разбирање, почитување и помагање што ги негуваме нека бидат поттик и водилка, секој од нас секојдневно да работи посветено во градењето на еднакво општество на еднакви, слободни и среќни граѓани.
Да оставиме пример и за следните генерации како се почитува традицијата на меѓусебни односи што е силна вредност на нашата заедничка татковина.
Имајте убав празничен ден! Нека е за многу години!“ стои во честитката на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.