Ново засилување во борбата против корона: Творци на руска вакцина упатија барање до СЗО

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Федералниот научен центар за истражување и развој на имунобиолошки лекови „Чумаков“ од Руската академија на науките планира да достави документација до Светската здравствена организација за преквалификација на вакцината против коронавирусот, изјави генералниот директор на Центарот Ајдар Ишмухаметов, пишуваат руските медиуми.

– Како што беше претходно најавено, сите потребни документи за регистрација на нашата вакцина во Русија се веќе испратени до Министерството за здравство и сега чекаме официјален одговор. Се надеваме дека ќе ги добиеме документите за регистрација некаде во средината на февруари. После тоа, планираме да доставиме пакет документација до Светската здравствена организација со цел да поминеме низ таканаречената постапка за преквалификација на лекови, односно да добиеме проценка за квалитетот, безбедноста и ефективноста на нашата вакцина. Тоа ќе отвори широк пат за нашата вакцина кон глобалниот пазар – рече Ишмухаметов.

Програмата за преквалификација на СЗО значи дека Организацијата го проценува квалитетот, безбедноста и ефикасноста на препаратите. Под услов да ги исполнува барањата и стандардите, лекот е вклучен во списокот што го користат меѓународни организации и земји за контрола на набавката на лекови на големо.

На 25 септември 2020 година, центарот „Чумаков“ доби дозвола од Министерството за здравство на Русија за клинички испитувања на вакцината врз волонтери. Клиничките испитувања започнаа во Киров во октомври. Во испитувањата учествувале 70 лица на возраст од 20 до 47 години.

Слични содржини