Астразенека сепак ќе присуствува на вечерашната средба со претставници на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

Дипломатски извори во Брисел потврдија дека претставник на „Астразенека“ сепак ќе присуствува на вечерашната средба со претставници на Европската комисија и земјите членки.

– Ни рекоа дека немаат што ново да ни кажат, но на крајот извршниот потпретседател на компанијата, Искра Реиќ, рече дека ќе присуствува на состанокот и ја очекуваме – велат во Брисел.

Во Брисел нагласуваат дека ЕУ издвои 336 милиони евра за британската компанија „Астразенека“ за развој на производи за вакцината против Ковид-19 и дека 400 милиони дози се нарачани со потпишаниот договор.

Додадено е дека „Астразенка“ требаше да биде првата вакцина со која ќе започне масовната вакцинација во ЕУ.

– Имавме среќа претходно да бидат одобрени вакцините на „Фазер“ и „Модерна“, бидејќи „Астразенека“ може да испорача само една четвртина од дозите планирани за првиот квартал од 2021 година – објаснуваат во Брисел.

Извори на ЕК наведуваат дека, за разлика од „Фајзер“, од кого добија конкретни одговори за проблемот во производството и надоместокот на вакцините, од „Астразенека“ сè уште чекаат јасен одговор за тоа што се случува со производството и испораката на вакцините од четирите фабрики лоцирани во Европа, од кои две во Велика Британија.

– Не сите вакцини произведени во Европа можат да останат во Европа и тоа е нормално. Но, исто така, природно е да произведуваме и за себе за да избегнеме проблеми со увозот – заклучуваат во Брисел.

Претходно денес се појави информација дека „Астразенека“ одлучила да се повлече од преговорите со ЕУ. Портпарол на Европската комисија изјави дека претставниците на „Астразенека“ утрово објавија дека нема да присуствуваат на состанокот.

После тоа, се покажа дека тие не се повлекле, туку само побарале да се одложи состанокот за еден ден.

Слични содржини