Не сум дал дозвола за градење на изгореното кафуле во ТЦ „Мавровка“. Кафулето имаше дозвола пред да да биде опфатено од пожарот, изјави денеска градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
Ганиу истакна дека сопственикот веќе имал дозвола пред да биде опфатен од пожарот. Тој посочи дека од сопственикот бил информиран дека објектот сака да го врати во првобитната состојба.
-Законот е дециден, во момент кога ќе има елементарни непогоди: поплави или пожар, сопственикот може да го врати во првобитна состојба и без да земе дозвола од општината, бидејќи претходно имал дозвола и може да го врати во првобитна состојба. Но, во моментот кога почна сопственикот да гради, ние бевме информирани дека го враќа во првобитна состојба. Кога видовме дека излегува од таа превидена површина што му беше со документи и плус на градбата од челична конструкција одеше се со бетон, тогаш Општина Чаир интервенираше, рече Ганиу.
Работните дејствија, посочи, се прекинати, бидејќи има еден дел каде излегува од подлогата на објектот што постоеше на таа квадратура.