256
Рускиот суд ѝ одреди домашен притвор до 23 март на Кира Јармиш, портпаролка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави нејзиниот адвокат.
Јармиш е осомничена дека ги прекршила регулативите воведени со цел да се спречи ширењето на ковид 19 со учество во протестите, изјави портпарол на судот, објави новинската агенција РИА, пренесе ТАС С.
Илјадници лица протестираа низ цела Русија за време на викендот за поддршка на уапсениот лидер на опозицијата, објави „Ројтерс“.
Досега повеќе од 5.000 лица се уапсени ширум земја,та според ОВД Инфо, невладина организација што ги следи протестите, наведува агенцијата.