ДСЗИ: Испратена е цела документација за случајот со струшката болница и родилката до Обвинителството во Струга

360 прегледи

По случајот со Клиниката за нефрологија, целосно е постапено согласно законските прописи и записниците од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

За ова информираше на денешната заедничка прес конференција, директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова Бухова.

„Државниот санитарен и здравствен иснпекторат е во секојдневен конакт со диркторката и менаџерскиот тим на Клиниката за нефрлогоија. Улогата што ја има ДСЗИ овде е да ги исконтролира дали има состанок одржано Комисијата за интерхоспитални инфекции и што има преземено. Останатото е да се издадат решенија на позитивните и на контактите, меѓутоа решение по добиената епидемиолошка анализа во овој случај од Институтот за јавно здравје. ДСЗИ има комплетно постапено во овој случај во однос на своите ингеренции на Клиниката за нефрологија. Околу насоките, односно тоа што Центарот за јавно здравје ќе и наложи на Клиниката за нефрологија, ДСЗИ е во контакт и со истиот центар и се координираме и ги контролираме постапките на Клиниката за нефрлогија“, посочи Сотирова Бухова.

Што се однесува до надзорот за струшката болница и случајот со д-р Асани , Бухова истакна дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја завршли целата законска постапка и дека на 26 јануари е испратена информација со иницијатива до струшкото основно јавно обвинителсство. – Со тоа, како што истакна, се завршени и се затвораат законските можности што ги има Државниот санитарен и здравствен инспекторат што ги има.
За стручниот надзор, посочи дека одговор треба да се бара во Лекарската комора која го врши надзорот.

Слични содржини