Ходаи: Ако не се прифатат барањата на матурантите ќе кампуваат пред MOН

од Берта Китинска
210 прегледи

Матурантите денеска се вратија на настава и очекуваат од народните избраници да им помогнат преку законски измени да им се исполнат барањата.

-За да не губиме повеќе  ние од денеска се вратиме на настава како што најавивме во четвртокот. Бараме од Законодавниот дом да изнајде законско решение со кое ќе се овозможи да се усвои нашето барање, доколку не се изрази волја тогаш ние ќе протестираме на друг начин, а тоа значи дека ќе кампуваме пред МОН, вели  претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи во изјава за Сител.

Сојузот на среднпшколци во четвртокот ја донесе одлуката за прекин на бојкотот и сега се чека на пратениците во Собранието да најдат решение, откако пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за измени и дополнување на Законот за средно образование.

Од МОН пак децидни, матурата ќе се полага по веќе постоечкиот концепт и тоа е законска обврска на МОН, затоа што над 14 илјадаи матуранти во законскиот рок веќе се пријавиле за државна матура и ги избрале предметите по кои ќе бидат тестирани.

Слични содржини