584
Податоците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека носењето две маски на лицето – платнена преку хируршка – ја зголемува заштитата од Ковид на 92,5 отсто.
Истражувачите откриле дека комбинацијата на овие две маски блокира 92,5 отсто од потенцијално заразни честички, бидејќи тие создаваат поголема заштита околу лицето, објави Си-Ен-Ен.
Исто така, откриено е дека хируршката маска, доколку се преклопи на краевите и врзе околу ушите, го намалува продорот на патогенот и блокира 63 отсто од аеросолите кои можат да содржат Ковид, што претставува значајно поместување од заштитата од 42 отсто, колку што штити хируршката маска доколку не е врзана околу ушите.