„На 21. март ќе се одржат првите внатрепартиски избори на СДСМ за претседател со мене како единствен кандидат и членовите ќе може да гласаат „за“ и „против“, информира денес премиерот Зоран Заев.
Според него, македонското социјалдемократско семејство е големо, со Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби и друга таква политичка партија во државата нема.
„Успеавме партијата да не биде елитен клуб, туку демократска партија. Членската книшка книшка на СДСМ не смее да значи привилегија, туку поголема одговорност. Не сме безгрешни, но не скршнавме од вистинскиот колосек“, истакна Заев.