Калајџиев за Камчев: Во нормален свет не би се користел притвор, туку имотот ќе му биде под гаранција

од Nikola Popovski

„Мијалков беше таргет и на СЈО, како еден од главните од претходниот систем. Орце Камчев е поинаква фигура, повеќе од бизнисот и тешко дека би можело да се поставуваат паралели“, смета професорот Гордан Калајџиев, зборувајќи во емисијата „24 анализа“.

Според него, тој очекува да види фер судење во разумна и брза постапка, во јавна и контрадикторна расправа.

„Ова се само почетоци и во суштина притворот е непожелна мерка. Во нормален свет би се користеле многу повеќе гаранции, особено за богати луѓе. Најнормално е за финансиски криминал на луѓето да им се стави имотот под гаранција и едноставно каде ќе бегаат. Апсењата се подложни на притисоци и корупција“, вели Калајџиев.

Слични содржини