Засега нема да има нови мерки, но ситуацијата ќе се следи. Останува полицискиот час од 22 часот до 5 часот, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.
„Во екот на третиот бран сме, за еден месец бројката е зголемена за 5 илјади заразени. Во болниците има околу 1.100 пополнети болнички места, притисокот во Скопје беше навистина голем. Според анализите, треба да остане оваа мерка, ќе даде резултати за 4-5 дена“, кажа Филипче.
Филипче потенцираше дека во изминатите 4 недели има константо зголемување на бројот на заразни со коронавирус.
„Во моментов 1100 болнички кревети се пополнети, притисокот во Скопје е голем, правиме сисстем на менаџирање на скопските клиники. Има одреден број на слободни кревети, одделенијата на интерните клиники повторно се ковид центри“, потенцираше министерто за здравство Венко Филипче.
Според последните податоци на Комисијата за заразни болести, констатирано е дека во оние градови каде што имаше значајно зголемување на заболените сега има намалување, таков е примерот со Валандово, Крушево, Кавадарци и со Прилеп. Зголемување на заболените има во Скопје, Гостивар и во Велес.
„Гледаме дека некои држави имат многу повеќе рестриктивни мерки од нас Франција, Шпанија, Германија, Србија има мерки за 5 дена. Апсолутно ја владееме состојбата, на 14 дена Комисијата му дава на министерот препорака и анализа што ни се случувало во минатите 14 дена и претпоставка што би се случило во следните. Ако има спектакуларно зголемување на бројки ќе го известиме министерот порано. Навлегуваме во динамиката на движење на вирусот. Имам предвид нови мерки меѓутоа не е време за тие мерки“ рече Караџовски.