Дали ќе мораме СЕКОЈА ГОДИНА да се ВАКЦИНИРАМЕ против корона?

од Stefanija Kuzmanovska
385 прегледи

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ денес изјави дека најверојатно ќе биде потребно да се прими трета доза од вакцината против коронавирус следната година.

„Ќе биде потребно да се прими таа таканаречена ревакцинација. Покрај овие две дози кои ги добиваме, таа ревакцинација ќе треба да ја добиеме за 6 или 8 месеци“, рече тој, вклучувајќи се во емисијата „ Јутро “на ТВ Прва.

Ова не е првпат експертите да спомнат дека по две примени дози, вакцинираните ќе треба да добијат и трета.

Имено, како што пренесуваат медиумите, лекарите и здравствените работници предупредуваат дека се поголем број граѓани во Србија се заразиле со коронавирусот по вакцинирањето, па дури и по приемот на втората доза.

Компаниите „Синофарм“ и „Фајзер“/„Бионтек“, чии вакцини се даваат во две дози, започнаа истражувања кои вклучуваат давање и на трета доза.

Главната причина е да се спречи каква било можност за заразување примарно со новите соеви на ковид 19.

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, за странските медиуми изјави дека се надева дека уште една, трета доза на вакцина дополнително ќе го зајакне имунолошкиот одговор против коронавирусот и ќе помогне во борбата против неговите нови варијанти.

„Веруваме дека третата доза ќе помогне во спречување на инфекцијата од 10 до 20 отсто“, рече Бурла.

Претставниците на „Фајзер“ сметаат дека короната, како и секој друг грип, мутира и дека вакцините соодветно ќе се модифицираат и подобруваат и дека ќе треба да се вакцинираме против короната секоја година.

„Секоја година треба да се вакцинирате против грипот, така ќе биде и со короната. За една година, ќе мора да одите да се вакцинирате против ковид за да се заштитите една година“, рече Бурла, пренесува „Блиц“.

Слични содржини