354
Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре закажа две седници, односно ќе се одржи продолжението на 32-та седница, а по нејзиното завршување ќе продолжи 36-та на која се наоѓаат законите од петтиот сет економски мерки.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ, пак, ќе бидат присутни само за гласање на законите од петтиот сет мерки, односно нема да присуствуваат на 32-та седница.
„Ставот на пратеничката група е континуиран, приоритет е гласање на законите од петтиот сет економски мерки. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе присуствуваат на 36 – та седница на која се законите од петтиот сет мерки, а нема да присуствуваме на 32 – та седница“,, наведуваат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.