Навални бил префрлен во затворска болница

од Nikola Popovski
173 прегледи

Комисија на лекари од затворот №33, во која рускиот опозиционер Алексеј Навални ја издржува казната, одлучи да го префрли во регионалната затворска болница во регионот Владимирск, објави прес-службата на администрацијата.

„Во овој момент состојбата на Алексеј Навални е задоволителна. Секојдневно го испитува лекар-терапевт. Со одобрение на пациентот, му беше препишана витаминска терапија“, се наведува во соопштението.

Претходно, Навални најави штрајк со глад со барање „да се почитува законот и да се овозможи посета на избраниот лекар“. Како што објави, неговата здравствена состојба се влошила.

Да потсетиме, судот Симоновски во Москва донесе одлука за укинување на условната казна на Навални во случајот „Ив Рошер“ и замена со казна од 3,5 години затвор. Набргу потоа, водечките западни земји апелираа до руските власти да го ослободат опозиционерот.

Инаку, Навални имал две условни казни. Првиот е во случајот „Кировлес“ поврзан со проневера на над 16 милиони рубљи, а вториот, во случајот на „Ив Рошер“, со кражба на над 30 милиони рубљи.

Слични содржини