Еден час повеќе, Владата го измени полицискиот час

од Берта Китинска
345 прегледи

Од денеска  забраната за движење почнува од 21:00 и ќе трае до 5:00 часот наредниот ден, одлучи Владата откако Комисијата за заразни болести предложи нови мреки во пресрет на празниците поради намалување на бројот на заразени лица со Ковид 19.

-Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај и вечерта меѓу 13 и 14 мај.Угостителските објекти ќе можат да работат само во отворените делови (тераси) до 20:30 часот. Компаниите регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено (на терасите), а останува забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично.Продолжува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол, стои во соопштението од Влада.

МВР со засилени контроли

Засилени контроли ќе спроведува полицијата на излетничките места за време на претстојниот викенд.. Ќе се проверува дали се почитува забраната за групирање која не дозволува повеќе од четири лица на отворен простор. Министерот Спасовски вели дека под лупа ќе бидат и верските објекти.

„Имаме забрана на групирање на повеќе лица од 4 и дека имаме посебни протоколи за организација на настани кои би се одвивале на отворен простор. Треба да се почитуваат сите тие мерки. МВР  веќе подготвува посебни планови за Велигденските, за првомајските празници. Сакам да упатам апел, да се придржуваме до мерките“, изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

Полицискиот час ова година првпат беше воведен на 20 март.Оттогаш ова е втора промена на неговиот временски период.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.122, бројката на оздравени пациенти е 130.910, на починати е 4.742, а бројот на активни случаи изнесува 15.470.

Слични содржини