Реал испадна, Азар се смее: Белгиецот ги кине нервите на навивачите (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Челси се пласираа во финалето во Лигата на шампионите, а Еден Азар, yвездата на Реал Мадрид, ги разгневи навивачите бидејќи се смееше како ништо да не се случило.

На крајот од натпреварот, Еденд срдечно се поздрави со Курт Зума и Едуард Менди и им даде „муниција“ на револтираните уште еднаш да го наречат едно од најголемите промашувања на мадридскиот клуб.

По 1:1 од првиот натпревар, Челси славеше со 2: 0 на вториот, со головите на Тим Вернер во 28 и Мејсон Маунт во 86 минута од реваншот на Стемфорд Бриџ.

Англичаните беа подобри на теренот, а на Азар изгледа тоа не му пречеше толку многу, па навивачите на Реал го прозваа дека не го почитува клубот.

Дел од јавноста ја спореди неговата реакција со реакцијата на Кристијано Роналдо кога беше елиминиран во полуфиналето од Баерн Минхен, па објавиле дека Азар е далеку полоша „седумка“ од Португалецот.

Слични содржини