Атлетико во недела (18,30 ч.) го игра натпреварот од 36-то коло на шпанската Ла Лига со Осасуна. Пред тој натпревар, тренерот на клубот од Мадрид, Диего Симеоне изјави дека е идеално време Луис Суарез да биде клучниот човек на „јорганџиите“. Останаа само уште два натпревари до остварување на сонот на Атлетико, а тимот има два бода повеќе од Реал во борбата за титулата.
„Ние секогаш ја следиме истата линија“, рече Симеоне, додавајќи: „Загрижени сме за натпреварот со Осасуна, ќе се обидеме да го решиме мечот, што е најважно. Гледам дека тимот има ентузијазам. Продожуваме меч по меч. Тренерот треба да најде начин. Направивме напредок. Ќе се фокусираме на она што зависи од нас, идеално е да одиме натпревар по натпревар како што тоа го правевме цела сезона“.
За време на прес-конференцијата, тренерот на Атлетико беше запрашан дали ќе играат Луис Суарез и Жоао Феликс, кои имаат проблеми со повредите.
– Се надеваме дека Жоао ќе игра, знаеме колку е важен за нас и колку ни даде. На тимот му требаат … Што се однесува до Луис, доаѓаме во зоната на Суарез. Совршено време е за фудбалер како него да се справи со ситуацијата. Тој е навикнат на вакви мечеви – истакнува Симеоне.