Кои се најголемите фаворити на Евровизија?

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Во тек се последните подготовки за новото издание на Евровизија, кое започнува на 18 мај, кога ќе се одржи првото полуфинале на ова големо музичко натпреварување.

Според сегашните податоци што ги покажаа обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија и нивниот претставник – групата Манескин со песната „Ziti e buoni“.

Оваа година, 39 земји ќе учествуваат на Евровизија. Големи тројца фаворити се Италија со 22 проценти, Франција 20 проценти и Малта со 12 проценти.

До неодамна, Малта беше најголем фаворит за победа, но ситуацијата се смени по првата проба, кога нивниот претставник доби лоши критики за стајлинг и перформанси, пренесува порталот Klix.ba.

Исланд е на четвртото место, по што следуваат Кипар, Бугарија, Швајцарија, Украина, Литванија, Грција, Русија, Шведска, Финска, Сан Марино и Норвешка.

Слични содржини