197
Американскиот претседател Џо Бајден денес го охрабри израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги „намали тензиите“ во конфликтот во Газа, што би довело до прекин на огнот, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Керин Жан-Пјер.
„Двајцата лидери детално разговараа за настаните во Газа, напредокот на Израел во намалувањето на можностите на Хамас и другите терористички елементи, како и постојаните дипломатски напори на регионалните влади и на Соединетите држави“, изјави Жан-Пјер пред новинарите, објави Ројтерс.
– Претседателот му пренесе на премиерот дека очекува значителна деескалација на патот кон прекин на огнот – додаде таа.
Тоа беше четврти разговор меѓу американскиот и израелски лидер во изминатата недела.