297
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на БЈБ Сашо Тасевски присуствуваат на денешниот пријателски натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Словенија.
„Македонската фудбалска репрезентација денеска го игра првиот тест-натпревар со Словенија, пред дебитантскиот настап на Европското првенство. Ги бодриме нашите репрезентативци во Скопје со директорот на БЈБ Сашо Тасевски“, објави Спасовски на социјалните мрежи.
После 40 минути игра мрежите на арената „Тодор Проески“ мируваат.
Ова е еден од двата пријателски натпревари на Македонија пред заминувањето на ЕУРО 2020. Вториот се игра во петок против репрезентацијата на Казахстан.