Казни за 14 возачи од Скопје за управување под дејство на алкохол

од Nikola Popovski
173 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден (06.06.2021) на територијата на град Скопје изречени се вкупно 274 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 25 за возење без возачка дозвола, 27 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 14 за управување под дејство на алкохол.

„Исто така изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила, осум за некористење сигурносен појас, четири за недавање првенство на минување на пешаци, четири за возач почетник, 21 санкција за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информираат од полицијата.

Слични содржини