Студија на Медицинскиот универзитет во Инсбрук докажува дека по заздравувањето од коронавирусот, се стекнува стабилен долгорочен имунитет.
„Можеме да бидеме многу сигурни дека стекнуваме имунитет. Можеби е полесно и побезбедно да се добие имунитет преку вакцината, бидејќи тоа ја избегнува опасноста од долгорочни последици“, изјави авторот на студијата Флоријан Дизенхамер за АПА.
Тој посочи дека оние кои прележале корона имаат имунитет.
Дизенхамер вели дека може да ги советува оние кои прележале корона и покрај тоа да примат вакцина.
„Вакцината е само дополнителен штит во раката, со која се добива конечен мир. Тоа е крајната заштита. Не сум запознаен со ниту еден извештај во кој некој што бил излекуван, а потоа бил вакциниран, и повторно се разболел“, рече австрискиот експерт.
Според него, излекуваните кои се дополнително вакцинирани имаат скоро сто процентна сигурност дека нема повеќе да се заразат.
„Анализите јасно покажуваат огромна имунолошка реакција, кога оние кои прележале, по шест до 12 месеци, ја примаат вакцината“, објасни тој.