Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети кралицата Елизабета во замокот Виндзор за време на нејзината посета на Велика Британија оваа недела, соопшти денеска Бакингемската палата.
Канцеларката ќе се сретне со кралицата во петок, истиот ден кога Меркел треба да го посети британскиот премиер Борис Џонсон во неговата официјална резиденција, пренесува „Ројтерс“.
Предвидено е Меркел да го посети и американскиот претседател Џо Бајден на 15 јули.