Главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден, Др. Ентони Фаучи во неделата рече дека не очекува САД повторно да одлучат да се затворат, и покрај зголемената опасност од инфекција со „Ковид-19“ поради новата делта варијанта.
„Мислам дека повторно нема да имаме затворање“, рече Фаучи како гостин во емисијата „Оваа недела“ на АБЦ. „Мислам дека доволен процент од луѓето во земјата се вакцинирани, иако не доволно за борба против епидемијата, но сепак верувам дека е доволно да не се вратиме во ситуацијата во која се најдовме минатата зима.
Иако рече дека не верува дека САД ќе мора да влезат во ново „заклучување“ како минатата година, тој предупреди дека „работите ќе се влошат“ бидејќи делта варијантата на коронавирусот продолжува да се шири меѓу населението.
„Во оваа земја, имаме 100 милиони луѓе кои имаат можност да се вакцинираат, но тие не го направија тоа“, рече тој.
Според анализата на Ројтерс, просечниот број на нови случаи на инфекција со коронавирус, кои се евидентираат секојдневно, е скоро двојно зголемен во последните 10 дена, а бројот на хоспитализирани расте во многу американски држави.
Во исто време, бројот на Американци кои одлучија да се вакцинираат се зголеми.