Тој се согласи да заработува помалку, за неговиот тим да биде посилен во борбата за титулата. И на негова штета тој покажа љубов кон клубот и многумина сѐ уште се во шок.
Неверојатната работа ја направи легендарниот стопер на Барселона, Џерар Пике (34) оваа недела.
Како предводник на тимот и еден од капитените, тој одлучи да му помогне на тимот да регистрира засилувања и затоа се откажа од дел од парите што требаше да ги заработи според договорот.
Тој доброволно се согласил да му се намали платата за, според правилата на „Ла Лига“, да се регистрираат засилувања – Мемфис Депај, кој дојде од Лион и Ерик Гарсија, кој пристигна од Манчестер Сити.
Пике свесно се жртвуваше, се согласи на намалување на платата и многумина реагираа на тоа, меѓу нив и легендарниот италијански фудбалер Франко Барези (61). Поранешниот капитен на Милан остави кратка порака на Твитер:
Grande @3gerardpique 👏 @FCBarcelona
— Franco Baresi (@FBaresi) August 14, 2021