ГОРИ ОКОЛУ АТИНА: Пожар го зафати југоисточниот дел од грчката престолнина

од Берта Китинска
324 прегледи

Пожарот што се прошири во неколку делови на Грција се уште не се смирува. Сега се запали областа на општината Левреотики во пошумениот југоисточен дел на Атина.

– Пожарот избувна во клисурата во Маркати. Во гаснењето биле ангажирани 30 пожарникари и 13 противпожарни возила, четири канадски авиони и два хеликоптери – се наведува во соопштението на противпожарната служба,  пренесува агенцијата „Катимерини“.

Како што се ширеше огнот, во меѓувреме беше наредена евакуација на местото на Маркати Керате. Според локалните медиуми, во борбата против пожарот биле ангажирани 71 пожарникари и 25 возила.

Слични содржини