Граѓаните ќе добијат вакцинирани попишувачи доколку сакаат

од Nikola Popovski
202 прегледи

Премиерот Зоран Заев денес најави дека во случај да има граѓани кои нема да сакаат да примат попишувачи кои не се вакцинирани, ќе им се овозможи да добијат вакциниран попишувач.

-Мал е бројот на невакцинираните попишувачи и ќе се најде решение и за овој проблем, поради кој граѓаните се загрижени, рече Заев.

Теренското попишување почнува в недела а од владата и од заводот за статистика тврдат дека се е подготвено за неговото спроведување и во услови на ковид пандемија.

-Сигурни сме како Влада дека граѓаните со доверба ќе ги примат попишувачите и ќе им ги дадат потребните податоци коишто ќе овозможат подобра иднина за сите нас и за земјата во целина, изјави вчера владиниот портпарол Душко Арсовски.

Арсовски соопшти дека во сите комисии на 50-те пописни реони се завршени обуките на реонски инструктори и реонските попишувачи.

Пописот ќе се спроведува до крајот на месецот.

Слични содржини