Бразилскиот фудбалер Емерсон Ројал (22) од Барселона се пресели во Тотенхем бидејќи, како што вели, бил повреден од однесувањето на клупските челници од „Ноу Камп“.
– Мислев дека сакаат да останам, но … – изјави за „Марка“ Емерсон, кој летово се врати во Барселона од позајмица од Бетис.
– Не разбрав што се случува. Ми се јавија едно попладне и ми рекоа дека сакаат да разговараат со мене. Дури и тогаш се сомневав дека сакаат да ме продадат. Шефовите на клубот ми рекоа дека Барселона минува низ тежок период и дека би било подобро да ме продадат, истакна тој.
Емерсон одигра само три натпревари за Барселона …
– Ме избркаа со убави зборови. Бев повреден од начинот на кој го направија тоа. Можеа и поинаку, имаше подобри начини да се поправат работите, посочи младиот Бразилец, кој дојде на „Ноу Камп“ во 2019 година од Атлетико Минера за 12 милиони евра.
Сепак, тој веднаш беше позајмен во Бетис, кој го плати неговиот заем пет милиони евра.
Тој беше продаден на Тотенхем за 25 милиони евра, а пет милиони, според претходниот договор, отидоа кај Бетис.