Пописот почна успешно, резултати на почетокот од следната година

од Берта Китинска
174 прегледи

По 20 години вчера во земјава започна најголемата статистичка операција во земјава.

Попишуавчите на стартот на пописот наидоа на отоврени врати.

-После 20 години го дочекавме денот да започнеме со најважаната статистичка операција во државата – Пописот на населението, домаќинствата и становите. Посакувам оваа операција да ја завршиме успешно во интерес на сите. Да се приберат доволен фонд на информации за сите граѓани, за станбениот фонд и сите податоци што се важни за државата. Пописот не служи на ниту една политичка партија, ниту на поединци, служи на оние кои треба да го градат развојот на државата, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Со бојкотирањето на пописот, како што рече, граѓаните прават штета на самите себеси.

– Ова се податоци за вас и за вашите идни поколенија. Следните 10 години кој било да е во државата треба да гради политики за развој врз основа на овие податоци, порача Симовски.

Доколку некое домаќинство побара да биде попишано на мајчиниот јазик, кај него ќе биде испратен таков попишувач. Во принцип, во еден пописен круг треба да бидат опфатени од 100 до 120 домаќинства.

Медиумите, како што најави Симовски, секојдневно ќе бидат информирани за активностите поврзани со Пописот и ќе добиваа дневни информации за активностите реализирани претходниот ден.

12 часа попишани се 91.681 лица

За само 12 часа попишани се 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови што претставува повеќе од успешен почеток на пописот, објави министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук.

-Граѓаните и попишувачите соработуваат одлично на терен. Посебно сум задоволен што се почитуваат сите здравствени протоколи и дека граѓаните се среќни што можат директно да придонесат за доброто на државата, информира Маричиќ.

Пет илјади попишувачи со поддршка на 500 инструктори и 150 државни инструктори до крајот на септември ќе тропнат на вратите на сите домаќинства да ги приберат податоците за лицата и имотите на домаќинставата.

Пописот ќе трае од 5 до 30 септември, а според Законот за Попис, Заводот има обврска да ги објави податоците 6 месеци по  завршувањето на теренските активности. Сепак, тој верува дека ќе успеат да ги завршат обработките многу порано и до крајот на годинава, најдоцна во јануари 2022 да ги објават податоците.

Согласно Законот за попис, граѓаните кои се во странство може да се самопопишат на веб страницата на ДЗС до 30 септември. Досега се самопопишаа приближно 191 000 македонски државјани во странство.