Пациентите на хронична дијализа може да примаат трета доза вакцина

од Берта Китинска
144 прегледи

Препораката е дека треба да поминат шест месеци од втората вакцина за да почне вакцинацијата со трета односно бустер доза, објасни министерот за здарвство Венко Филипче.

-Најнапред во тие анализи и студии е компанијата ‘Фајзер’ со која што имавме состанок и ни укажаа на тоа дека голема е веројатноста дека ќе препорачаат трета, бустер доза за сите граѓани после шест месеци од примената ревакцина. Официјалните препораки се уште ги очекуваме, а нашиот Комитет за имунизација ги чека токму официјалните за ние тој дел, исто така, да го препорачаме. Веќе официјално е препорачана трета доза за имунокомпромитирани пациенти, оние кои се на хронична дијализа и транспланитраните, но треба да помине период од шест месеци, луѓето може да се пријават, рече министерот Филипче.

Слични содржини