Пописот во тек – ќе има пријави за граѓаните кои нема да се попишат

од Берта Китинска
221 прегледи

94.500 граѓани се попишани на првиот ден на пописот, соопштуваат од заводот за статистика, а ниедно домаќинство не побарало попишувачот да биде вакциниран.

Започна пописот и се одвива со одлично темпо.Околу 100 илјади лица се имаат попишано заклучно со вчерашнот ден, кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски

-Ние како Министерство за внатрешни работи, работиме заедно со државниот завод за статистика, наши претставници имаме во штабот кој раководи со пописот, за сите граѓани коишто ќе одбијат да се попишат, сигурно е дека ќе се применат мерките и ќе има пријави. Меѓутоа, јас очекувам дека како што помина вчерашниот ден во една одлична атмосфера, атмосфера на граѓанска одговорност дека и понатаму ќе продолжиме и пописот ќе заврши успешно и после 20 години ќе можеме да имаме детално податоците кои ни се потребни за развој на државата, изјави Спасовски.

Слични содржини