Пописот продолжува, но со намален интензитет, велат од ДЗС

од Nikola Popovski
173 прегледи

Државниот завод за статистика денес го информира населението дека пописот продолжува, не е прекинат, но е со намален интензитет.

– Пописните активности течат, не се прекинати, а се спроведуваат со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во најкраток можен рок и час поскоро процесот да продолжи со висок интензитет како и до сега, се наведува во писмената реакција од статистика.

Од ДЗС не кажуваат што значи таа намалена динамика, ниту за какви технички согласувања се работи. Само додаваат дека исто така се работи и на надминување на помалите технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови.

-Во исто време, би сакале да ја информираме јавноста дека во последниве денови, веб-страниците на Државниот завод за статистика се под постојани напади и затоа во одредени периоди не се достапни поради заштитите што се користат за спречување на овие напади. Странците се со највисоко ниво на безбедност, а податоците се заштитени на повеќе нивоа по највисоките ИТ стандарди, стои во соопштението на ДЗС.

Пописот започна во неделата на 5 септември и ќе трае до 30 овој месец.

Слични содржини