220
Граѓаните кои се попишуваат во дијаспората ќе бидат дел од етничкиот процент во Македонија, инаку зошто би ги попишувале, вели заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами во емисијата „Патот кон“.
Според него, дијаспората се попишува затоа што таа е од голем интерес.
Тој жали што попишувањето во странство не е законска обврска.
-Сепак, не можеш да го направиш законска обврска. Доколку некој остане непопишан, таму или тука, тој ќе биде невидлив, фактички нема да биде ставен во крајниот процент на населението, информира Селами.